Skip to main content

Се подготвува посебен закон за заштита на охридскиот регион

Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. За шест месеци тој би требало да се најде пред парламентарците кои ќе одлучат дали ќе биде усвоен или не.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Dejan Panoski
Dejan Panoski
Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. За шест месеци тој би требало да се најде пред парламентарците кои ќе одлучат дали ќе биде усвоен или не.

Охридскиот регион ќе се штити со посебен закон. Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. Дејан Паноски, државниот советник за води вели дека не било потребно многу време за негово изготвување бидејќи тимот кој работел на оваа нацрт верзија има богато искуство и точно знае кои се горливите точки на охридскиот регион кои треба да се решат со закон.

Dejan PanoskiСо новиот закон меѓу другото ќе се забрани и отстранувањето на трската, внесувањето на организми во езерото кои не се автохтони, ќе се забранат секакви градежни зафати  на помало расојание од 50 метри од крајбрежието на езерото.

Законот за заштита на културното наследство за шест месеци би требало да се најде пред парламентарците кои ќе одлучат дали ќе биде усвоен или не. Паноски вели дека доколку се донесе овој закон ќе се решат многу проблеми со кои Министерството за животна средина се сретнува години наназад.