Skip to main content

Несовесни граѓани и понатаму го уништуваат зеленилото во градов

Триесет и три егзотични дрвца се украдени од дворот на приватна куќа. Се апелира надлежните да ги спречат ваквите чести појави.

 |  Лионела Јаковлева  | 
ukradeni drvca
ukradeni drvca
Триесет и три егзотични дрвца се украдени од дворот на приватна куќа. Се апелира надлежните да ги спречат ваквите чести појави.

Триесет и три егзотични дрвца се украдени од дворот на приватна куќа. Сопственикот , Слободан Булески вели дека кражбите биле вршени во три наврати.  Тој објаснува дека пред три недели со цел да го оплемени сопствениот двор засадил дрвца кои после десетина дена биле украдени. Повторно купил нови и ги засдадил пред својата куќа која е лоцирана речиси во центарот на градот, наспроти факултетот за Туризам и угостителство.

ukradeni drvcaИ овој пат дрвцата биле откорнати. Последната кражба се случила синоќа после еден часот по полноќ кога биле украдени 13 корења.

Денес кога нашата екипа беше на лице место пристигнаа и претставници од Свр Охрид кои го регистрираа случајот. Тие не известија дека ќе трагаат по сторителот, а Булески рече дека и самиот ќе превземе мерки за да се заштити од крадците. Тој вели државата апелира да се грижиме за зелената површина и да ја чуваме средината во која живееме, а кога тоа поединци го прават наместо корист имаат штета. Еден корен од овие егзотични дрвца чини 700 ден. Штетата за украдените е над  20 000 ден.