Skip to main content

Охриѓани ќе го бранат Тарчуловски со своите потписи

Граѓаните на Охрид со својот потпис му даваат подршка на Јохан Тарчуловски. На два пункта кај градскиот плоштад и кај чинарот денес се собираа потписи кои ќе бидат доставени до Хашкиот Трибунал.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Johan Tarculoski
Johan Tarculoski
Граѓаните на Охрид со својот потпис му даваат подршка на Јохан Тарчуловски. На два пункта кај градскиот плоштад и кај чинарот денес се собираа потписи кои ќе бидат доставени до Хашкиот Трибунал. Поголемиот дел од нив велат дека се убедени во невиноста на Јохан и дека Трибуналот направи огромна грешка со донесувањето на пресудата.

sobiranje potpisiОд пред една недела во тимот на адвокатите на одбраната на Јохан Тарчуловски е вклучен и Ален Дершовиц, реномиран професор на Харвард и еден од најголемите експерти по кривично право. Поради тоа одбраната побара од Трибуналот да го продолжи рокот за жалба за 30 дена. Охриѓани сметаат дека и тие ќе дадат мал допринос во одбраната на Тарчуловски со собраните потписи.

Инаку оваа иницијатива ја покрена Здружението на граѓани за подршка на Јохан Тарчуловски. Акцијата за собирање потписи беше најавено дека ќе се спроведува само денес, но поради големиот интерес на граѓаните по се изгледа ќе продолжи и во наредните два дена. Само  до пладне  беа собрани околу 400 тини потписи.