Skip to main content

Уште два месеци до имплементацијата на Хасап системот

Охриѓани забрзано се подготвуваат да ги задоволат светските стандарди во безбедноста на храната. Доколку не ги почитуваат ќе следуваат ригорозни казни.

 |  Лионела Јаковлева  | 
zavod za zdravstvena zastita
zavod za zdravstvena zastita
Хотелите, рестораните, сендвичарите и сите оние кои продаваат и произведуваат храна ќе бидат затворени доколку до нова година не ги  спроведат ХАСАП стандардите. Владата одлучи, од 01. 01 2009 година според Законот за безбедност за храна мора да се воведе ХАСАП системот. Од охридскиот ЗЗЗ велат дека нормативите се многу ригорозни па затоа ќе ги спроведуваат стручни лица.

zavod za zdravstvena zastitaСо ХАСАП системот опфатен е цел сет на работи кои субјектите треба да ги исполнат почнувајќи од инвентар, услови за работа, редовни здравствени контроли на вработените, употреба на чиста облека, транспорт на храната, нејзино чување, складирање и тн. Атанаско Михаилов, директорот на ЗЗЗ сугерира подготовките да се направат што побрзо бидејќи станува збор за комплексна работа.

Инаку во текот на оваа година на подрачјето кое го покрива ЗЗЗ оД Охрид, регистрирани се 5 труења со храна каде се затровале повеќе од десет лица. Михаилов вели дека ваквата појава е позачестена во летниот период поради несоодветното чување на храната.  Тој потенцира дека со спроведувањето на ХАСАП системот овој број ќе биде сведен на минимум.