Skip to main content

Започна дводневната Конференција за жените, мирот и безбедноста

Конференцијата се реализира врз основа на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која се однесува на половата еднаквост и правата на жените во сферата на одбраната и безбедноста.

 |  Тања Кувенџиска  | 
zeni-ARM
zeni-ARM
Конференцијата се реализира врз основа на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која се однесува на половата еднаквост и правата на жените во сферата на одбраната и безбедноста.

Застапеноста на жените во македонската армија се движи во рамките на европскиот просек и тоа благодарение на нивниот се поголем интерес за војничката професија.
На тема- жените, мирот и безбедноста се расправа на дводневната конференцијата која започна денес.

zeni-ARMКонференцијата се реализира врз основа на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која се однесува на застапеноста, половата еднаквост и правата на жените во сферата на одбраната и безбедноста. Се очекува Конференцијата да даде соодветен придонес кон поттикнувањето на поголема застапеност на жените во делот на одбраната и безбедноста, овозможување на еднакви можности за развој на професионална кариера во униформа.
Учесниците на Конференцијата дискутираат и на теми кои се однесуваат на пристапот кон ова прашање во НАТО и ЕУ.

„ Најголемиот бенефит од Конференцијата е можноста која се отвара за размена на идеи, воедно и зајакнување на соработката помеѓу земјите на Западен Балкан и Нордискиот регион“ , рече на отворањето македонскиот заменик министер за одбрана, Емил Димитриев.
Конференцијата е во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, а под покровителство на Министерството за одбрана на Кралството Новершка и Нордиско-Балтичкиот совет.