Skip to main content

Во Европа со ИСО-14 001

За брзо време голем број организации ќе имаат законска обврска да ја заштитат животната средина. Доколку сакаме да станеме дел од Европа треба и во Македонија да го примениме системот за управување, ИСО 14 001.

 |  Лионела Јаковлева  | 
sojuz stopanski komori
sojuz stopanski komori
За брзо време голем број организации ќе имаат законска обврска да ја заштитат животната средина. Доколку сакаме да станеме дел од Европа треба и во Македонија да го примениме системот за управување, ИСО 14 001.

Охрид е еден од почистите градови во Македонија. Тоа го покажуваат испитувањата од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Но, ваквата состојба може преку ноќ да се промени доколку не се води соодветна политика за заштита на животната средина преку систем за управување со истата. Негова цел меѓу другото е стимулирање на организациите кон почитувањето на законските нормативи Доколку сакаме да станеме дел од Европа треба и во Македонија да го примениме системот за управување, ИСО 14 001, вели Горан Саздов, експерт за ИСО 14 001.

ISO„Во наредниот период пред голем број организации ќе се постават законски обврски за заштита на животната средина кои по се изгледа тешко ќе можат да ги исполнат“, објаснува Саздов. „Ќе успеат само оние фирми кои навреме го пронашле начинот како да управуваат со неа“, додава тој. Денес охридските фирми имаа можност да се запознаат што се тоа ИСО стандардите.

Инаку РМ веќе го прави катастарот на загадувачи  со што   фирмите не ќе имаат можност да избегаат од своите одговорности доколку ја загадуваат животната средина. Во Охрид засега нема некои поголеми загадувачи бидејќи индустрија во градов речиси и да нема. Но, тоа не значи дека останатите фирми не треба да го воведат системот за управување со животната средина, беше констатирано на денешната работилница. Вакви средби се планира да се организираат низ повеќе градови во Македонија.