Skip to main content

Поголемиот број влезови и дворови од станбените згради низ Охрид се целосно запуштени

Често пати влезовите се користат и како јавни тоалети. Надлежните ги повикуваат куќните совети да се активираат.

 |  Тања Кувенџиска  | 
vlez
vlez
Често пати влезовите се користат и како јавни тоалети. Надлежните ги повикуваат куќните совети да се активираат.

Влезовите и дворовите околу станбените згради во Охрид најчесто се целосно запуштени и несредени. Голем број дворови се обраснати со треви и трње. Во лоша состојба се и влезовите кои се користат и како јавни тоалети.

vlezНадлежните ги повикуваат куќните совети да се реактивираат и започнат со извршување на своите обврски. Законот за јавна чистота предвидува ригорозни казни за несредени јавни површини.

Граѓаните признаваат дека во поголем број од зградите куќни совети или воопшто не се формирани или тие не функционираат со години. Станарите најчесто не покажуваат интерес за средување на дворовите и влезовите од зградата во која живеат.