Skip to main content

Музејот на вода кај Заливот на коските е во завршна фаза

Градежните работи врз Музејот на вода од јужната страна на Градиште, во Заливот на коските кај Пештани, се во завршна фаза.

 |  Валентина Нелоска  | 
Zaliv na koskite
Zaliv na koskite
Градежните работи врз Музејот на вода од јужната страна на Градиште, во Заливот на коските кај Пештани, се во завршна фаза вели археологот и директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Ние се спремаме комплетно на 8 декември да го промовираме Римскиот каструм, воено утврдување, кој е објект на копно. Тврдинаат ја  извлековме од подземјето и ќе ја  презентираме на јавноста, а ќе биде привлечно место за посетителите вели археологот Кузман.

Zaliv na koskiteОбјектите кои ќе бидат дел од наколната населба од  праисторискиот период се во екот на работење. Станува збор за комплексна градба која е предвидена својот конечен лик да го добие пред крајот на годинава. Веќе се поставени  околу 800 дрвени колци во  езерото, а над нив се постаува платформа и  7 до 8 куќи. Тие ќе бидат опремени според праисторискиот начин на живеење. Посетителите во Комплексот Музеј на вода, ќе можат  да се навратат во праисторискиот период,  да се одморат и освежат  вели директорот на Управата, Кузман. Во Комплексот Музеј на вода,  ќе се влегува од посебен влез на патот Охрид- Св. Наум.