Skip to main content

Tринасет заврешени, охридски основци не продолжиле во средно училиште

Tринасет заврешени, охридски основци не продолжиле во средно училиштe додека децата од селата во Дебрца продолжуваат  образование. Општинскиот инспекторат испратил  писма за средба со родителите.

 |  Валентина Нелоска  | 
ucenik
ucenik
Tринасет заврешени, охридски основци не продолжиле во средно училиштe додека децата од селата во Дебрца продолжуваат  образование. Општинскиот инспекторат испратил  писма за средба со родителите.

Во општинскиот инспекторат за образование се евидентирани тринаесет завршени охридски основци кои не  продолжиле во задолжителното средно образование.
Од таму упатиле покани до родителите  да објаснат која е причината што децата не продолжиле со образование.

На поканата од инспекторот за образование се појавиле  само двајца старатели .Тие ја кажале причината зошто децата не го продолжиле образованието. Едно од нив  било  со посебни потреби, а другото  заминало да живее во Австрија.
Се очекува до крајот на неделава родителите на останатите деца да се појават пред инспекторот и да дадат изјава.Инспекторатот за образование ќе  утрдува  дали можеби станува збор за  некој пропуст во евиденцијата. Постапката за утврдување дали основците го продолжиле школувањето е размена на податоци помеѓу основните училишта  и  средните. Основните треба да достават списоци со податоци за нивни завршени ученици.

uceniciСредношколските центри пак треба да испратат пријави до  државниот инспекторат за образование и да  го известат колку ученици останале надвор од училишните клупи. За родителите кои нема да ги  запишат децата во средно училиште, дражавниот инспекторат за образование  ќе се покрене судска постапка до основниот суд Охрид . За нив ќе  следуваат високи парични казни. Од својот џеб ќе треба да издвојат околу 850 евра. Доколку следната учебна година не постапат согласно законот и повторно детето не го запишат во училиште се повторува истата постапка.

Ова не е случај со основците од Дебрца,тие продолжуваат да се образуваат понатка.
Инаку учебната 2007/2008 година  ја завршиле 749 осмооделнци,  од кои 707 во Охрид и 42 во Белчишта.

{loadposition content9}