Skip to main content

Левитра, нов лек против ерективна дисфункција

Левитрата и нејзиното дејство денес беа презентиран пред охридските лекари и фармацeвти.Податоците покажуваат дека над 150 милиони мажи имаат проблем со ерективна дисфункција.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Levitra
Левитра
Левитрата и нејзиното дејство денес беа презентиран пред охридските лекари и фармацeвти.Податоците покажуваат дека над 150 милиони мажи имаат проблем со ерективна дисфункција.

Левитра нов лек против проблемите со ерективна дисфункција. Овој препарат денес беше презентиран пред охридските лекари и фармацвти. Проф. Владимир Георгиев вели дека новиот лек е многу поефикасен од досегашните и има многу помал процент на нус појави.

promocija LevitraОвој лек може да се прима заедно со храна или пијалок, а не како што беше случојот со досега познатите лекови против проблемите со ерекцијата. Проф. Георгиев вели дека оваа тема отсекогаш била табу па и сега многу мажи кои имаат ваков проблем ретко се одлучуваат да побараат помош од стручно лице. Георгиев кажува дека ерективната дисфункција во никој случај не смее да се занемари бидејќи таа е индикатор за други болести, а особено за кардиоваскуларните заболувања. Ерективната дисфункција  влијае врз целокупниот квалитет на животот на една личност.

Инаку, бројот на мажите кои имаат проблем со ерективна дисфункција се повеќе расте. Податоците покажуваат дека над 150 милиони мажи имаат ваков проблем, а до 2025 год се очекува оваа бројка да се зголеми на 322 милиони. Постојат повеќе причини за појава на оваа дисфункција. Во поголем број случаи таа е резултат на присутни системски заболувања и на нивно несоодветно лекување.

 

{loadposition content9}