Skip to main content

Водата од Билјанини извори сеуште е со променлив квалитет

Од ЗЗЗ велат дека овој проблем кој се провлекува години наназад не може да се реши се додека не се преземат мерки за отстранување на септичките јами кои ги користат дел од жителите на населбата Рача.

 |  Лионела Јаковлева  | 
ispituvanje
испитување
Од ЗЗЗ велат дека овој проблем кој се провлекува години наназад не може да се реши се додека не се преземат мерки за отстранување на септичките јами кои ги користат дел од жителите на населбата Рача.

Директорот на ЗЗЗ, Атанаско Михаилов кажува дека анализите на водата од Билјанини извори кои се направени во месец септември покажале присуство на бактерии од фекално потекло. Во месец октомври во примерокот кој е земен од водата на Билјанини извори нема појава на бактерии, а за месец ноември испитувања ќе се прават во наредниве денови.

ispituvanjeИ од Проаква признаваат дека причина за појава на некои бактерии во водата од Билјанини извори може да биде и понирањето на фекалните води од септичките јами од населбата Рача и Велестово.

Од Локалната велат дека се прават напори за решавање на овој проблем.Од ЗЗЗ потенцираат дека до тогаш најбезбедно е да се пие  вода која е од водовод и е хлорирана.

 

{loadposition content9}