Skip to main content

Италијанци воодушевени од Охрид, направиле веб страна за промоција градот

Италијанска непрофитна организација воодушевена од Охрид изработила веб страна за нашиот град. Оваа страна тие ја изработиле со цел да го претстават Охрид пред италијанците и да ги запознаат со туристичките можности и потенцијали на градот и на Македонија.

 |  Мишел Наумоски  | 
veb strana Ohrid
веб страна Охрид

Одвреме-навреме слушаме или гледаме по некој прилог за Охрид, прилог за туристичките потенцијали на земјава во некои повеќе или помалку познати туристички сајтови или веб страни за патувања. По некој мал осврт на нашиот туристички и природен бисер, по некој убав кажан збор за она кое знаеме дека вреди многу повеќе.

italijanci OhridТоа, дека Охрид нуди многу повеќе, дека нашиот туристички бисер има потенцијали да биде таму некаде помеѓу најдобрите туристички дестинации, го препознале луѓето од Лотус Офичина, непрофитна организација која работи проекти од инкаминг туризам во Италија. Оваа група на млади фотографи, писатели и веб специјалисти го посетиле нашиот Охрид во Август, 2013та година. Воодушевени од она што го виделе, тие креирале веб страна посветена на Охрид и Македонија, со цел подобро да ги запознаат италијанците за туристичките можности кои ги нуди градот и нашата земја. Веб страната www.visitohrid.it од 18ти овој месец е целосно активна, и нуди детално запознавање со потенцијалите на Охрид.

Lotus OficineОд начините на кои можете да стигнете во Охрид и Македонија, до сместувањето, храната, културата и местата кои можете да ги посетите како турист. На сајтот може да се прочита и приказната како Охрид е град кој имал 365 цркви, по една за секој ден во годината, потоа за реткиот охридски бисер, архитектурата, Самоиловите тврдини, археолошките наоѓалишта. Италијанците успеале на едно место да ги соберат и најдобрите промотивни видеа за Охрид, безразлика дали се тоа приватни видеа или се дело на некоја продукција, видеа во кои се доловува нашиот град онака како што еден турист навистина има можност да го види. Веб страната нуди и посебен дел за Охридското езеро за кое велат дека не само што нуди фасцинантни глетки туку и дека е одлична можност за спортски туризам.

promo video OhridСо три национални паркови, четири природни резервати и 33 места категоризирани како споменици на природата, луѓето од Лотус Офичина сметаат дека Македонија е земја на природни убавини кои го одземаат здивот. Македонците за нив се искрени, топли и гостопримливи, а земјата е „мала но со големо срце“.  Тимот од Лотус Офичина  воедно бара и македонска поддршка околу реализацијата на нивниот проект за промовирање на Охрид. Доколку сакате да ја посетите оваа веб страна напиштете www.visitohrid.it или посетете го нивниот профил на фејсбук www.facebook.com/visitohrid.it
Ако ништо повеќе, да им помогнеме барем во промоцијата на нивната веб страна, бидејќи не баш често некој ни посветува цела веб страна полна со пофалби.

{loadposition content9}