Skip to main content

Охридските социјалдемократи даваат подршка на штрајкот на синдикалците

Охридските социјалдемократи, даваат целосна подршка на утрешниот штрајк што го организира  Сојузот на синдикатите,  а  ќе се одржи утре во Охрид и  на 14 ноември во Скопје.

 |  Валентина Нелоска  | 
pres SDSM
прес СДСМ
Охридските социјалдемократи, даваат целосна подршка на утрешниот штрајк што го организира  Сојузот на синдикатите,  а  ќе се одржи утре во Охрид и  на 14 ноември во Скопје.

Нивната  безрезервна подршка е против досега најлошиот донесен  Закон од  работни односи. Владата го донесе без јавна расправа, набрзина и полутајно велат од СДСМ.  Законот за работни односи е најсилен  удар врз  работничките права . Не прифаќаме уназадување на правата од работните односи изјави Анита Азеска портпарол на СДСМ. Таа додаде, Власта со ваквата регулатива го враќа работникот во 19 век или како што изјавуваат синдикалците оставаат простор за еден вид модерно ропство. Штетните одредби од овој Закон на повеќе начини, директно го загрозуваат статусот на македонските работници во повеќе сегменти од работењето.

press SDSMНедолично  е во една катастрофална економска состојба,  да се кратат правата на вработените вели Азеска. Од Социјал демократскиот сојуз  веќе поднесле неколку мерки и предлог закони за олеснување на   животот на граѓаните, а меѓу нив е и Законот за енергетска сиромаштија. Предложиле  50.000 најсиромашни семејства да добијат од државата од 700 до 1000 денари, месечна субвенција за да ги платат сметките за струја.
Социјалдемократите ги повикуваат работниците кои се чувствуваат загрозени од новиот Закон за работни односи да се приклучат кон утрешниот  јавен протест. Потенцираат дека нивниот повик не е од политички убедувања туку апел до граѓаните да станат во одбрана на работничките права.

 

{loadposition content9}