Skip to main content

Железото нема убавина, но ако се обликува со чувства, тоа оживува

Квалификуваниот бравар Трајко Дурчовски започнал  пред неколку децении да изработува  скромни предмети од железо, а потоа почнал да навлегува во специфична техника и да создава уменост.

 |  Валентина Нелоска  | 
metalno sonce
метално сонце
Квалификуваниот бравар Трајко Дурчовски започнал  пред неколку децении да изработува  скромни предмети од железо, а потоа почнал да навлегува во специфична техника и да создава уменост.

Неговите дела се  инспирирани пред се  од македонскиот фолклор и копаничарството. Дурачовски вели железото мора да се засака и да се почуствува неговата топлина за потоа да се  претвори во нешто убаво.Тоа е нема убавина ,но кога ќе му се даде форма и ќе почне да се заварува се обојува и добива ефектни бои. сТој започнал од железо да создава  рајски птици, рози, гроздобер, па се до  мотиви од фолклорот.

Trajko DurcovskiТешко е да се твори во оваа техника, но сакав да покажам дека е возможно од железото да се роди уметност вели скромно Дурчовски. Засега е единствениот во  земјава кој созадав уметност во оваа техника. Трајко Дураковски своите дела ги изложува по шести пат. Покрај Охрид  изложувал и во неколку македонски градови.Како што вели ја сака уметноста воопшто ,а автор е на збирката  поезија „Дружба со ветерот“.

 

{loadposition content9}