Skip to main content

Започна судскиот процес за сообраќајната незгода во која загинаа Ди- џеј Пантер и Ди-џеј Бруцe

Според исказите на вештите лица, причина за незгодата е неприлагодената брзина и движењето на спротивна лента од страна на товарното возило кое удрило во автомобилот во кој се наоѓале Пантоски и Аврамоски.

 |  Тања Кувенџиска  | 
soobrakajna nesreka
сообраќајна несреќа
Започна судскиот процес за сообраќајната несреќа во која животот го загубија Влатко Пантоски и Наумче Аврамоски, и двајцата музички работници во Супер радио.

Вештите лица како причина за незгодата која во октомври се случи во близина на депонијата Буково, на магистралниот пат Охрид- ресен, го наведуваат движењето на товарното возило со албански регистарски таблици, управувано до Сетмир прој, на спротивна коловозна лента. Односно, онаа по која се движело возилото во кое се наоѓале Пантоски и Аврамоски. Како дополнителен фактор, вештаците ја неведоа и брзината од 83, 9 километри на час, со која се движело товарното возило. Поради која возачот не можел брзо да реагира и ја избегне несреќата.  

soobrakajna nesrekaЗа кобната вечер, сведочеше и Јане Стефанов, кој се наоѓал во автомобилот како совозач. Кажа дека непосредно пред несреќата приметиле возило кое се движи по нивната сообраќајна лента. Возачот, Пантоски блиндирал. Се разминале со предниот дел од товарното возило долго 16 и пол метри, но задниот дел удрил во нив по што автомобилот се превртел.

Обвинетиот, Сетмир Рој, албански државјанин, на почетокот на судењето искажа сочуство до семејствата на загинатите. Поради нарушена здравствена состојба побара, распитот да биде одложен, но тоа барање од страна на судскиот совет беше одбиено. Советот го одби и барањето на одбраната за повторно вештачење и ослободување од притвор на обвинетиот Сетмир Рој. Судскиот процес продолжува на 12 декември годинава.

{loadposition content9}