Skip to main content

Надлежните изготвија стратегија за дејствување во зимската сезона

Преставници од СВР Охрид,локалната самоупорава од Охрид и Дебрца, како и од Јавните претпријатија Комуналец и Македонија пат ги договорија мерките за безбедно одвивање на сообраќајот во зимскиот период.

 |  Валентина Нелоска  | 
soobrakajni znaci
сообракајни знаци
Преставници од СВР Охрид,локалната самоупорава од Охрид и Дебрца, како и од Јавните претпријатија Комуналец и Македонија пат ги договорија мерките за безбедно одвивање на сообраќајот во зимскиот период.

На средбата беше истакната добрата меѓусебна соработка во минатиот период. Во дискусијата  заклучија   дека постои потреба од прецизирање на надлежностите на сите учесници во оперативните планови.
Од Ј.П. „Комуналец “ предложија, точно да се  утврди на кои улици да се користат абразивни матеијали за чистење од снегот.

sostanok SVRРаководителот од  Ј.П. „ Македонија пат “ кажа дека  веќе започнале со подготовки. Поставиле дел од механизацијата за дејствување на  висинските пунктови, а се подготвуваат и за низинските. Не кажаа само колку таа механизација е стара и дали има  потреба од  обновување.
Преставникот од општина Дебрца, Стојмир Велјаноски  покажа оптимизам и  спремност на нивната општина  за делување во зимски услови. Ја истакна добрата опременост на претпријатието „Победа“ од Ботун кое ќе биде ангажирано во  чистење од   снежните  наноси .

Во општина Охрид е формиран и Кризен штаб за делување  во зимски услови. Од полицијата беа презентирани податоци  од претходните три години од кои е видливо намалувањето  на жртвите во сообраќајните несреќи, а  како последица на снегот и поледицата.

{loadposition content9}