Skip to main content

Политичките партии со завршни обраќања до гласачите

Завршни обраќања на охридските кандидати за пратеници до гласачите.

 |  Валентина Неловска  | 
Охрид
Охрид

сдсм

Од ОО СДСМ на денешната завршна прес конференција повикаа гласачите да излезат на избори и да гласаат според сопствената волја. При тоа порачаа дека се согласуваат со политичките противници само со нивниот слоган  ИМА РАЗЛИКА. Според нив, наведоа  разлики, меѓу кои и  политичкото делување на партиите. Велат разликата  меѓу нив и ДПМНЕ е што политичките ривали членството во партијата го имаат сфатено како  можност за лично и партиско богатење. „За личното богатење, кое, како што видовме, се мери со милиони евра, првите луѓе во ДПМНЕ еден ден ќе одговараат пред надлежните органи, исто како што ќе одговараат и за енормното трошење на народните пари за партиски цели. Само за 3 месеци, пред овие избори, ДПМНЕ се стекнала со имоти, станови и деловни простории во вредност од над 1 милион и 600 илјади евра. Само во еден ден, во декември минатата година, биле купени имоти во вредност од над 800 илјади евра во Кисела Вода, воАеродром, во Радовиш, во Виница, истиот ден кога во Охрид се купени два деловни објекти, на атрактивни локации во градот, по вкупна пазарна вредност од над 300.000 евра“, кажа носителот на пратенилката листа за 5-ка Томислав Тунтев.
Вмро Дпмне
Кандидатот за пратеник на Вмро Дпмне од 5-та изборна едница  Александар Николоски  ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање во недела и својот глас да го дадат за кандидатите на ВМРО ДПМНЕ и за нивниот претседателски кандидат. Николоски  посочи дека ВМРО ДПМНЕ нуди јасен концепт, Програма од 2046 проекти наречена Проверено,  направена пред се од потребите на граѓаните. Од друга страна гледаме дека СДСМ се користи само со празни зборови и лажни ветувања, рече Николоски. Тој предупреди дека во Недела на 27 април од страна на СДСМ биле можни црни сценарија со кои би се нарушил изборниот процес со што намерата би била изборите да бидат прогласени за невалидни. СДСМ соочени со фактот за нивниот пораз на  избори би можеле да предизвикаат : снемување на фломастери за обележување, насилно туркање на избирачки кутии, фотокопирани избирачки ливчиња, лажни идентификации и слично, посочи Николоски. Исто така целта на ДУИ е да не успеат претседателските избори и ВМРО-ДПМНЕ да нема 63 пратеници за Македонија да биде уценета, рече Николоски.

Кандидатот за пратеник од Вмро НП,  Ванчо Костоски ги Вмро НПповика граѓаните на 27- ми април да гласаат по сопствено убедување. Костоски очекува да го дадат својот глас за ВМРО- НП која со доаѓањето на власт ќе ја врати демократијата во сите сегменти, со слободни медиуми кои се коректор на власта и ќе се заложи за намалување на казнената политика , за брз влез на РМ во ЕУ и за брз економски развој на земјата.
„ Ако и понатаму, по изборите мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ уште 70.000 до 80.000 луѓе ќе ја напуштат Македонија. Наместо Македонија да стане дел од НАТО и ЕУ се оставаат луѓето да земаат туѓи пасоши и да ја напуштат државата. ВМРО- НП ќе ја внесе Македонија во ЕУ и ќе нема потреба од вадење на туѓи пасоши, рече Костоски. Додаде дека ако граѓаните се одлучат за опцијата на ДПМНЕ тоа ќе значи дека се одлучиле за постојано задолжување на земјата чиј долг надминал 40% од Бруто Домашен Производ.

ГромСо завршни зборови пред изборниот молк се огласи и кандитатот за пратеник од Гром, Љупчо Настоски и ги повика граѓаните да излезат на претстојните избори.   
„ Моите сограѓани многу добро ме знаат и веќе во два наврати досега ја добивав нивната доверба. Мојата блискост со граѓаните и секојдневната блиска и отворена комуникација со нив ми овозможија да ги спознаам и почувствувам проблемите на граѓаните од овој регион. Нашите заеднички маки се невработеноста, сиромаштијата. Храброста, решителноста и истрајноста се мотото на ГРОМ. Ние сме храбри и подготвени да го исполниме она што ќе го ветиме. А вашата храброст да го дадете  гласот за нас, нам ни дава уште поголем поттик да се бориме вашите идеи да станат реалност“, порача Настоски.

{loadposition content9}