Skip to main content

Градоначалникот на Охрид подготви кривична пријава против Министерството за транспорт и врски

Се чека епилогот од жалбената постапка. Ова доаѓа по реакцијата од  министерството поради изгласувањето на ДУП за 8ма урбана заедница.

 |  Лионела Јаковлева  | 
gradonacalnik
gradonacalnik
Градоначалникот Александар Петрески ја чека разрешницата од жалбената постапка за да ја активира кривичната пријава против Министерството за транспорт и врски. Пред две недели ова министерство поднесе кривични пријави против  Петрески и Советот на Општина Охрид поради изгласувањето на ДУП за 8ма урбана заедница. Градоначалникот тогаш беше на службено патување но најави дека по неговото враќање  ќе зададе контра удар.

OhridПортпаролот во општината, Никола Маневски, додава дека  кривичните  пријави  треба да бидат упатени до Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство. Овие институции претходно дале согласност за изгласување на генералниот урбанистички план за тој дел од градов, а сега се премислуваат.

 

{loadposition content9}