Skip to main content

Заврши конкурсот за доделување награда за животно дело „Свети Климент Охридски“

Дваесет кандидатури пристигнале до Комисијата за прослави , манифестации , доделување на награди и призанија , за престижната 8 –мо декемвриска награда за животно дело, „Свети Климент Охридски“.

 |  Валентина Нелоска  | 
Sv.Kliment
Св.климент
Дваесет кандидатури пристигнале до Комисијата за прослави , манифестации , доделување на награди и призанија , за престижната 8 –мо декемвриска награда за животно дело, „Свети Климент Охридски“.

Претседателот на Комисијата д-р Крсте Стојаноски вели дека наградат овој пат ќе биде доделена затоа што има поголем избор. Лани наградата за животно дело не се додели затоа што имале само две апликации. Беа врачени само повелби.

OhridЗа оваа награда покрај поединци и институции од градот можеа да конкурираат и кандидати од земјава и од странство. Комисијата ќе има тешка и одговорна задача вели претседателот Крсте Стојаноски. Во никој случај не
сакаме престижната Свети Климентова награда да се девалвира, туку сакаме да биде заврши во вистински раце. Во случај 5-то члената комисија да не може да го избере правиот кандидидат на потег ќе биде Советот на општина Охрид.

Од 2006 година , општинскиот Совет има востановено и награда „Почесен граѓанин на Охрид“, кој покрај плакета треба да добие и клуч на градот. Досега и ова признание не го донил никој.

Добитникот на Свети Климентовата награда за животно дело, како и повелбите за остварувања во последната година од сите сфери на општествениот живот ќе се знаат на 5 декември

 

{loadposition content9}