Skip to main content

Студентите од ФТУ не покажуваат интерес за стекнување искуствa во странство

Ивана Христоска, студентка во трета година на факултетот за туризам и угоститетслтво е веќе две години претседател на локалниот комитет на АИЕСЕК.

 |  Валентина Нелоска  | 
ФТОН
FTON
Ивана Христоска, студентка во трета година на факултетот за туризам и угоститетслтво е веќе две години претседател на локалниот комитет на АИЕСЕК.

Станува збор за интернационална студенска организација која помага теоретското,  да се поткрепи со практично знаење во странство.

„Студентите кои одат на размена во странство не се во голем број. Не знам дали е тоа од страв или не сакаат да работат во странство вели Христоска. Студентите работат во зависност од тоа што студираат, па најчесто може да бидат менаџери на хотели или компании. Таа не знае  дали студентите се чувствуваат  способни да одат на пракса и да преземат таков ризик“.

На одсекот царина, втора година е Светлана Бакраческа,  исто така студент на ФТУ. Таа членува во АИЕСЕК, а потенцира дека е задоволна од условите на студирање на овој факултет.  

studenti„Јас сум задоволна од мојата одлука, се запишав на овој смер да стекнам практични знаења од областа која мене ме интересира,  вели Бакраческа. Мојот отсек го сметам токму за таков, за тоа што сакам да го работам во иднина“.  

Во светот денес се одбележува Денот на студентите.
Деканот на  Факултетот за туризам и угостителство, Софронија Миладиновски потенцира дека нивната образовна институција ги следи потребите на студентите. Проф. д-р  Миладиновски потенцира дека во задоволување на  интересот за студирање, државата почна да отвора скоро  секаде дисперзирани студии или универзитети со што се прати економско -социјалната димензија.

Така факултетот за туризам и угостителство  отвори дисперзирани студии во Велес. Оваа високо школска установа изразува подготвеност да отвори во Охрид, Центар за студенско живеење. Во наредниот период, нашиот град  кој е познат  со својата историска и културна традиција, ќе биде препознатлив и по овој зафат, кој ќе биде единствен на Балканскиот  простор истакнува  деканот Миладиновски. ФТУ веќе има создадено клима за  прилив на поголем број домашни и странски студенти. Годинава интерес за додипломски  студии покажале 30 -тина странски студенти, а за  мастер студии и докторати се очекуваат 150  студенти од Србија, Албанија и Косово.

 

{loadposition content9}