Skip to main content

Киклопските ѕидини под опсада на градежен шут

Археолошкиот локалитет „Енгелана“ на кој интензивно се работи со цел да стане уште една атракција за охриѓани, но и за туристите во градов недостапен поради дивата депонија која се наоѓа во месноста „Мауцкер“.Сојузот на невладините организации во регионот Охрид- Преспа покрена иницијатива за нејзино дислоцирање.

 |  Лионела Јаковлева  | 
deponija Maucker
депонија Мауцкер
Археолошкиот локалитет „Енгелана“ на кој интензивно се работи со цел да стане уште една атракција за охриѓани, но и за туристите во градов недостапен поради дивата депонија која се наоѓа во месноста „Мауцкер“.Сојузот на невладините организации во регионот Охрид- Преспа покрена иницијатива за нејзино дислоцирање. Се бара одговорност од надлежните.

До археолошкиот локалитет „Енгелана“ на кој интензивно се работи со цел да стане уште една атракција за охриѓани, но и за туристите во градов речиси и да не може да се стигне поради дивата депонија која се наоѓа во месноста „Мауцкер“.

Сојузот на невладините организации во регионот Охрид- Преспа покрена иницијатива за дислоцирање на оваа депонија. Од таму велат „Свесни сме дека започнуваме една тешка битка, но не попуштаме се додека не ја добиеме. Оваа депонија е срам за Охрид, но и за целата држава“, вели Никола Киселинов претседателот на овој сојуз. Тој додава„како ќе развиваме туризам во градов кога гостите за да посетат еден ваков локалитет ќе мора да минуваат низ отпад„ Киселинов тврди дека доколку надлежните не преземат соодветни мерки ќе следуваат кривични пријави.

MauckerОд ЈП „Комуналец“ се свесни за проблемот кој го создава депонијата на „Мауцкер“. Директорот Боро Павлоски вели дека тој ќе се реши со Државната стратегија за отпад. „Ресорните министерсва треба да решат кои ќе бидат локациите каде легално ќе се депонира отпадот“, додава Павлоски.

Инаку депонијата на „Мауцкер“ ја користат и несовесни граѓани кои нелегално депонираат шут. Таа е излезена од границите кои беа предвидени за депонирање. Градежен шут, но и многу други видови отпад можат да се видат се до близината на селото Орман. Природните убавини и шумата се целосно нагрдени. Наспроти тоа остатоците на локалитетот „Енгелана“ се единствени од таков вид во државава, но и пошироко. Дали надлежните и на локално и на државно ниво конечно ќе ги стават работите на кантар и ќе измерат што е поважно?

 

{loadposition content9}