Skip to main content

И годинава новогодишни украси ќе се продаваат на примитивен начин

Според граѓаните крајно време е локалната самоуправа да набави нови тезги, со посовремен изглед. Од таму пак објаснуваат- на проектантите не им се исплаќа да ги изработаат.

 |  Тања Кувенџиска  | 
tezga
тезга
Според граѓаните крајно време е локалната самоуправа да набави нови тезги, со посовремен изглед. Од таму пак објаснуваат- на проектантите не им се исплаќа да ги изработаат.

Како и секоја година, така и оваа- новогодишните украси ќе се продаваат на добро познатите метални тезги. Локацијата останува иста. Триесеттината тезги, стари неколку децении, ќе се постават кај стариот Чинар.  И годинава, ќе се повтори познатата слика- честитките и лампионите од дожд и снег ќе се штитат со стари најлони.

„Тезгите не личат на ништо. Срамота е гостите да гледаат дека уште продаваат на нив. Треба да се набават посовремени“, велат граѓаните.
Од Локалната самоуправа се правдаат дека кај нив желба постои да го променат пред новогодишниот амбиент. Вината што и оваа сезона тезгите ќе останат такви какви што се, ја префрлаат на проектантите.  

carsijaОд Секторот за урбанизам велат, проектантите не се заинтересирани да изготват проект за посовремени објекти во кои ќе се продаваат новогодишни украси. Ќе потрошеле време исто како да проектираат станбена зграда, но профитот би бил многу помал.

Во градовите низ светот веќе неколку децении се поставуваат дрвени куќарки во кои се продаваат новогодишните украси. Оние кои што ги изнајмуваат не се принудени да продаваат  премрзнати, а производите од временските неприлики да ги штитат на примитивен начин.

 

 

{loadposition content9}