Skip to main content

Охриѓани се приклучија кон акцијата Ден на дрвото- засади ја иднината

На површина од два хектари во месноста Мауцкер се засадија над 5. 000  дрвца. Дел од акцијата беа и градоначалникот Александар Петрески и министерот за финансии, Трајко Славески.

 |  Тања Кувенџиска  | 
posumuvanje
пошумување
На површина од два хектари во месноста Мауцкер се засадија над 5. 000  дрвца. Дел од акцијата беа и градоначалникот Александар Петрески и министерот за финансии, Трајко Славески.

Голем број ученици и граѓани уште во раните утрински часови се вклучија кон граѓанската иницијатива Ден на дрвото- засади ја иднината.
На површина од два хектари кај месноста Мауцкер засадија над 25. 000 дрвца чемпрес.

Дел од акцијата беше и градоначалникот Александар Петрески кој најави дека напролет, од страна на Локалната самоуправа ќе биде организирана акција со цел да се провери во каква состојба се наоѓаат денес засадените дрвца.

„ Акцијата е успешна и се што се планираше се реализира“, изјави градоначалникот.

Aleksandar PetreskiЗа успешна, денешната акција ја прогласи и  Министерот за финансии, Трајко Славески кој заедно со дел од охридските пратеници, на Мауцкер засади дрвце.

„ Она што го разбрав од експертите по шумарство е дека овој период е идеален за пошумување. Дрвцата наскоро ќе почнат да се развиваат и значајно ќе го збогатат шумскиот фонд“, рече министерот Славески.

Дрвца се садеа на уште една локација во општина Охрид, во близина на селото Лакочереј.
Во Македонија денес се засадија околу 6 милиони садници- три пати повеќе од првото засадување на 12 март годинава.

Учествуваа Владата, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, училиштата, јавните претпријатија, приватните компании, медиумите, невладините организации и граѓаните без оглед на нивната политичка, верска или друга определба.

 

 

{loadposition content9}