Skip to main content

Средното економско училиште Св Кирил и Методиј од денес стартува како нов правен субјект

Средното економско училиште Св Кирил и Методиј од денес стартува како нов правен субјект.

 |  Валентина Неловска  | 
ekonomsko
ekonomsko

Средното економско училиште со медицински паралеки Св Кирил и Методиј од денес стартува како нов правен субјект. Иако училиштето е формирано во 1957 година и има долга традиција во едуцирање на стручни еконмоски кадар во  општина Охрид ,  по  43 години од оваа учебна година  се одвојува од гимназијата Св Климент Охридски.  Конституиран е наставниот совет, а професорскиот кадар веќе се изјаснил каде ќе продолжи со работа , информира директорката на новата образовна институција Славица Костоска.  Костоска вели иако за некого ова одлука била болна , изгледите за развој на училиштето во стручна насока стануваат поголеми.
ekonomsko
„Концепцијата за равој на училиштето продолжува со нови погледи .Стручното образование има поголеми аспекти за проширување и надградба и повзрување со другите училишта, со стопанството и со економските  субјекти“, посочува Костоска.

Од името на Локалната самоуправ на учениците и вработените успешна учебна година им посака и советникот Ангел Јанев. При тоа тој им порача на раководството и  професорите внимателно да го разгледаат и да се изјаснат околу документот на Министерството  за образование и наука околу номенклатуртата за занимања кои ги  нема во стручните  училишта,  а би можеле да ги изберат за нивното училиште.
ekonomsko
„Мора да нагласам дека утре треба до  МОН  да се достави документот за занимање во номенклатурата за средно стручно занимање што се нудат во средните училишта . Моја препорака е до директорите на средните стручни училишта убаво да ги разгледаат , и оние кои ги нема во неменклатурта да ги достават до МОН и да ги стават како занимања, а  и за оние кои не постојат да размислуваат за проширување“, укажува Јанев.  

Во средното стручно учлилиште  „Св . Кирил и Методиј “ во оваа учебна година ќе стартуваат 550 ученици во економската  и медицинската струка. Во прва година се запишани 110 ученици , а ќе бидат ангажирани  околу 50 -тина вработени.

{loadposition content9}