Skip to main content

Протести на СОНК

Охридските вработени во образованието, науката и културата,  ќе го подржат генералниот штрајк за реализирање на нивните барања. За протестот  ги информираа првите луѓе на општина Охрид и Дебрца.

 |  Билјана Ќосеска  | 
flaer
флаер
Околу 900-тини вработени во образованието, науката и културата од Општина Охрид и Дебарца ќе се приклучат на генералниот штрајк,  доколку не ги реализираат своите барања. Најкасно до утре е крајниот рок за да се постигне компромис  помеѓу СОНК и ресорните министерства или во спротивно  се закануваат со штрајк кој би започнал во понеделник. Бараат потпишување на колективни договори за сите дејности од образованието и науката, регулирање на висината на надоместокот за храна и превоз и трансформирање на работниот статус од определено на неопределено време,  за сите вработени.

Ljubomir JankulovskiЉубомир Јанкулоски изјави дека барањата се доставени до ресорните министерства навреме, односно до 9.11.2008 година.
Доколку овие барања не се прифатат ќе се превземат дополнителни радикални мерки, кои допрва ќе се утврдат  на советот на СОНК во понатамошните седници, вели Јанкулоски. За штрајкот на вработени во образованието, науката и културата од Општина Охрид и Дебарца се известени и градоначалниците.
За време на штрајкот, сите  вработени во училиштата ќе бидат на работните места, меѓутоа нема да се одржува тековната настава. Во целодневна настава пак, ќе се врши само згрижување. Во градинките во ќе има згрижување на децата,  но ќе изостанува воспитно образовната програма. Вака ќе биде се додека не се изнајде заеднички јазик помеѓу СОНК и ресорните министерства.

 

 

{loadposition content9}