Skip to main content

На регионот му е неопходна координирана активност

Воспоставување на подобра комуникација помеѓу политиката и бизнисот, услов е да се надминат проблемите во  регионов –  заеднички  констататираа  6 -те шефови на државите кои учествуваа на  економскиот форум на земјите од Југоисточна Европа.

 |  Валентина Нелоска  | 
ekonomski forum JIE
економски форум ЈИЕ
Воспоставување на подобра комуникација помеѓу политиката и бизнисот, услов е да се надминат проблемите во  регионов –  заеднички  констататираа  6 -те шефови на државите кои учествуваа на  економскиот форум на земјите од Југоисточна Европа.

Македонскиот претседател Бранко Црвенкоски,  истакна дека во  вистинско време се разговорало и  за економската ситуација  и за соочувањето  со глобалната економска криза. Нашите мали ограничени пазари  и економии  е нужно да се поврзат мегусебно – истакна Претседателот Црвенкоски.

„Секоја земја во регионот во рамките на своите национални интерси планира превземање на мерки за ублажување на последицит, но јасно е дека само со координираност регионот може да смета на ублажување на економската криза“.

pretsedateli JIEПознато  е дека индивидуалното соочување со глобалните предизвици и проблеми не е најефикасниот начин за нивно решавање. САД и земјите од Европската Унија имаат координиран одговор на глобалната  криза. Земјите од Југоисточна Европа  треба да имаат заеднички регионален одговор на предизвиците кои во иднина треба  да се кординираат. Глобаланите случувања не одат во прилог на малите економии истакна Вујановиќ. Затоа ни  е потребен  еден нов начин на регинален развој  и еден вид на регинално заедништво истакна Вујановиќ.

„Треба да ја подобриме патната инфрсатруктура и да ги разрешиме енергетските проблеми кој се главен проблем во нашиот регион. Сето тоа може да се разреши само преку регионална  соработка на сите земји“ рече Вујановиќ.  

На економскиот  форум беше констатирано  да не се работи само на тема на економија и култура туку  да се посвети внимание и на проблемите од инфраструктурата.  На 6 -от економски форум,
Идната година на кој домаќин  ќе биде  БИХ,  посебен  акцент ќе се стави на изградбата на инфраструктурата во регионот, на патната, железничата  и  енергетската.

 

 

{loadposition content9}