Двојазични табли во Охрид
Во Подрачната Единица на ПИОМ Охрид, осамнаа двојазични табли на вратите од канцелариите. Охриѓани збунети и затечени реагираат. Тие бараат одговор од надлежните, кој дал одобрение да се постават двојазичните табли кога во Законот за употреба на јазици децидно стои во кои локални единици треба да се применува овој закон.
Охриѓани збунети и затечени од новите двојазнични табли кои деновиве осамнаа пред вратите од ПЕ на ПИОМ во Охрид. На таблите на македонски и на албански јазик стои називот на канцеларијата и имињата на вработените во неа. Граѓните поради лични причини сакаа да останат анонимни, а до нашата редакција пратија слики и прашуваат како може во општина Охрид да бидат поставени такви табли кога во Законот за употреба на јазици кажано е дека овој закон се применува онаму каде што најмалку 20% од граѓаните во РМ и во Единиците на Локалната Самоуправа го зборуваат овој јазик. Бидејќи станува збор за подрачна единица на државна установа , градоначалникот Никола Бакрачески не беше запознат со состојбата.
„Добро ќе ги провериме членовите од законот кои се однесуваат на пишувањето на натписите двојазично со оглед на тоа што се работи за државна институција значи не е институција на Локалната Самоуправа ќе провериме каква е законската регулатива во тој дел и понатака ќе постапиме согласно со законот“ – изјав Бакрачески.
Одговор за новите двојазични табли побаравме од раководителот на ПЕ на ПИОМ во Охрид, Самет Ризвани. Тој не упати да се обратиме до централата на ПИОМ во Скопје, бидејќи од таму ги добиле двојазичните табли и им било кажано да ги постават. Од Централата на ПИОМ во Скопје пак, во врска со прашањето за двојазичните табли во Охрид ни посочија лице кое е задолжено да даде одговор на прашањата поврзани со таа тема но службеничката денеска била отсутна. ТВМ и во следните денови ќе настојува во интерес на јавноста да дознае зошто се поставени двојазичните табли и дали се согласно законските одредби.
{loadposition content9}