Skip to main content

Ќе се собира отпад од електрична и електронска опрема

Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ и Асоцијацијата „Ајде Македонија“ на 18.10.2014 година ја организираат Националната акција за чистање „Македонија без отпад 2014“. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ за таа цел на паркингот пред ресторан „Европа“ ќе постават контејнер за собирање на отпад од електрична и електронска опрема.

 |  Голабовски Крсте  | 
elektronksa oprema
електронска опрема

elektronksa opremaМинистерството за животна средина и просторно планирање на РМ и Асоцијацијата „Ајде Македонија“ на 18.10.2014 година ја организираат Националната акција за чистање „Македонија без отпад 2014“. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ за таа цел на паркингот пред ресторан „Европа“ ќе постават контејнер за собирање на отпад од електрична и електронска опрема.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и фирми кои имаат стар и неупотребуван отпад од електрична и електронска опрема ( компјутери, принтери, мобилни телефони, полначи, телевизори, фрижидери, пегли и сл. ) истиот да го донесат во период од 11 до 14 часот и да го остават во контејнерот кој ќе биде поставен на паркингот пред ресторан „Европа“. Акцијата се спроведува со цел за подигање на свеста на населението за проблемите поврзани со овој вид на отпад.

Во рамки на акцијата, Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ќе го исчисти потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с. Подмоље.

{loadposition content9}