Skip to main content

Започна штрајкот организиран од СОНК

Преговорите кои една година безуспешно се водат помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура денес кулминира со генерален штрајк.

 |  Валентина Нелоска  | 
flaer
флаер
Преговорите кои една година безуспешно се водат помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура денес кулминира со генерален штрајк.

Во средните и основните училишта денес немаше настава, градската библиотека не издаваше книги, а во градинките само се згрижуваа децата без воспитна содржина.

Претседателот на Општинската организација на СОНК, Љубомир Јанкулоски вели дека барањата се точно  дефинирани и нема да одстапуваат од нивното исполнување.

„Барањата се реални не станува збор за високи суми, а  Владата може да ги исплати“ вели Јанкулоски.     

Ohridska gimnazijaУтрово штрајкуваа  сите образовни и културни институции како што беше најавено пред две недели, а со исклучок на ОУ „Дебрца“ од Белчишта.Бојкотот е од нејасни причини иако штрајкот беше навреме најавен кај ресорното министрество, директорите и градоначалниците на Охрид и Дебрца вели Јанкулоски.

Директорот на ОУ „Дебрца“, Весна Шопоска не беше достапна да објасни зошто не го подржуваат штрајкот.

Од СОНК не се плашат од владините најави за отказни решенија за оние кои ќе штрајкуваат. Вработените велат„ ги знаеме  нашите права, штрајкуваме за себе, а не за некој друг. Откази, притисоци и попречувања во услови на штрајк не смее да има “велат членовите на СОНК.
Доколку не се исполнат нивните барања, вработените  најавуваат превземање на порадикални мерки.

 

 

 

{loadposition content9}