Skip to main content

Расте бројот на злоставувани жени

Годинава во Центарот за социјални грижи се евидентирани над  40 лица  жртви на семејно насилство.

 |  Валентина Нелоска  | 
nasilstvo
насилство
Годинава во Центарот за социјални грижи се евидентирани над  40 лица  жртви на семејно насилство.

Од нив биле 38 жени, а само двајца мажи. Оваа бројка е во пораст за разлика од лани кога биле регистрирани 30 случаи. Заради патријархални сфаќања  многу од жртвите се повлекуваат и се одлучуваат на молк вели Ѓорѓи Тодороски координатор  на тимот за семејно  насилство при Центарот за социјaлни грижи.

Повеќе од 60 посто од жртвите ги повлекуваат пријавите  и не се подготвени да поднесат предлог за изрекување времена мерка до судот. Сметаат дека жената треба да молчи и проблемот да остане во семејството.

centar za socijalni griziИ податоците од СВР  Охрид потврдуваат дека има пријави на семејно насилство, посебно на злоставувани жени.

Стефан Димоски портпарол СВР Охрид бели дека досега кај нив се регистрирани 22 случаи на насилство врз жени. 16 извршители заработиле кривични пријави, а останатите поминале со прекршочни пријави.

Охридскиот суд годинава  им изрекол на 6 лица барања за времена мерка заштита од семејно насилство. Од центарот за социјални грижи нагласуваат дека имаат исклчучителна соработка со останатите инститиции.

Радува фактот што жените сепак одлучуваат  да проговорат јавно за проблемот и доаѓаат да побараат помош  нагласува Тодороски.  
Во рамките на Центарот работи и Шелтер центарот за прифаќање жртви.Само годинава биле прифатени и згрижени  пет жени од кои 3 биле со по едно дете.

 

{loadposition content9}