Пропадна и вториот тендер за изградба на градски пазар
И вториот тендер за изградба на модерен затворен градски пазар по пат на ЈПП неуспешен. И покрај поповолните услови во корист на приватникот очигледно никој инвеститор не е заинтересиран да влегува во партнерски односи со задолжената општина.
Пропадна и вториот тендер за изградба на градски пазар. Иако локалната самоуправа по неуспешниот прв тендер со амин од градските советници ја повтори постапката за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за изградба на градски пазар со многу поприфатливи услови за инвеститорите и овај тендер пропадна. Очигледно никој не е заинтересиран да влезе во јавно приватно партнерство со општината. Се наметнува прашањето дали причина за тоа е финансиската состојба во која се наоѓа Општина Охрид или инвеститорите немат бенефит од изградбата на градскиот пазар. Веќе една недела бараме одговор од Локалната што понатаму. Дали и по трет пат ќе распишат тендер за реализација на овој долго најавуван капитален проект? Но од таму молк. По се изгледа не сакаат да одговорат на ова за нив тешко прашање. Инаку, спред последниот јавен повик за заинтересирани инвеститори, договорот за ЈПП за изградба на модерен пазар тежок скоро 6 милиони евра требаше да се потпише најдоцна до март 2015та. Kолку за потсетување, и од локалната и од ОК на ВМРО ДПМНЕ ветуваа дека до крајот на минатата 2013та ќе биде удрен камен темелникот и ќе се отпочне со изградба на современиот градски пазар.
{loadposition content9}