Skip to main content

Спречен меѓународен канал за трговија со дрога

На патот Охрид – Струга, вчеравечер во 17 часот е   спречен меѓународен канал за трговија со дрога.

 |  Валентина Нелоска  | 
SVR Ohrid
СВР Охрид
На патот Охрид – Струга, вчеравечер во 17 часот е   спречен меѓународен канал за трговија со дрога.

Запленети се  4 килограми, чиста, опојна дрога марихуана. Стефан  Димоски портпарол на СВР Охрид кажа дека во возило марка „ Опел Астра“ кај селото Мислешево, се пронајдени 4 килограми дрога спакувана во четири пакувања.  

narko-dileriВо координирана акција на полициските екипи од СВР Охрид и инспекторите од секторот за дрога од Струга ,  се лишени од слобод четири лица, две од Скопје и две од Охрид. Едно лице од Охрид е во бегство и сеуште не е достапно на органите на прогонот. Лицата  уапсани при акцијата се предадени на одделот за организран криминал во Јавното обвинителство во Скопје. Запленетатат дрога е  во вредност од 2500 евра, а била наменета за продажба на илегалниот скопски нарко пазар.

 

 

{loadposition content9}