Skip to main content

Дното на Охридското езеро вистинска депонија

Охридското езеро покрај тајни крие и големи количини на отпад. Посебно критични точки се сливот на реките Грашница, Сатеска и Даљан. Нуркачкиот клуб Амфора од Охрид ќе организира акција за чистење на тој отпад.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Дното на Охридското езеро вистинска депонија. Местата каде што се влеваат реките Грашница, Сатеска и Даљан има многу наноси и цврст отпад, вели меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски. Ова е забележано при акцијата за пренуркување на дното на езерото која започна пред еден месец.

Во понатамошните активности за пренуркување на езерото покрај тоа што имаме планирано да направиме документарна емисија и изложба на подводни фотографии ќе превземиме и конкретни мерки за чистење на дното на езерото, вели Секуловски.езеро

Тоа ќе биде доста сложена и скапа активност, но мора да се спроведе доколку сакаме тој потег од езерото да си го врати некогашниот сјај, вели Секулоски. Потсетува дека некогаш на тие места имало градска плажа која охриѓани многу ја посетувале, а сега поради загаденоста ова место е заборавено. Во активностите околу расчистувањето на дното на езерото би се вклучила и охридската капетанија.nurkaci

Тоа не е во наша надлежност, но доколку треба ќе се вклучиме во активностите за чистење на дното на езерото со сите наши расположливи средства. Оваа иницијатива е за поздравување и целосно ја подржувам и лично, а и како институција, вели капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски.

Апелираат до граѓаните да не фрлаат отпад во езерото бидејќи не само што го нагрдуваат туку и го загадуваат,  уништувајќи го неговиот жив свет. Се надеваат дека што поскоро ќе биде направена долго најавуваната Регионална депонија каде што сите видови отпад соодветно ќе се депонираат, а со тоа ќе се намали можноста граѓаните да фрлаат каде ќе стигнат со оправдание дека нема соодветна депонија за отпад.

{loadposition content9}