Skip to main content

Liberland има 200.000 пријави за државјанство

Пријави има на секои три секунди и сите мислат дека Liberland е добра идеја

 |  инфодеск  | 

Седум квадратни километри, 200.000 пријави за државјанство и даноци кои не морате да се плаќаат, тоа е Liberland.

Овие денови нема кој нема слушнато за Liberland – самопрогласената држава на Дунав помеѓу Србија и Хрватска. Претседателот е еуроскептик и доаѓа од Чешка, политичарот Vit Jedlicka, а официјален јазик е чешки и англиски.

Како што вели господинот претседател оваа држава, која се простира на 7 квадратни километри, откако излегоа во јавност примиле околу 200.000 пријави за државјанство од целиот свет.

Jedlicka вели дека во неговата држава многумина ја нудат својата стручност по прашањата на соларната инфраструктура, телекомот, просторното планирање па дури и предлози за воведување на валута.

“Луѓето во само неколку дена испланираа цел град, а некои сакаат да вложат и да се вселат. Тоа што се чинеше како сон, сега делува возможно”, вели овој Чех за Guardian.

Единствени услови за државјанство се – кандидатот мора да почитува туѓи права, мислење и приватна сопственост, не смее да има криминално досие и нацистичко или комунистичко минато.

Jedlicka смета дека клучот за просперитет е успешна фискална политика. Плаќањето даноци ќе биде незадолжително, а граѓаните ќе финансираат само одредени развојни проекти.

Знаме имаат, имаат и мото, а химната моментално ја изработува познат чешки рапер.  

{loadposition content9}