Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ од Охрид: Затворен базен, фабрики, нови вработувања во градов во идниов период

Премиерот на државата и претседател на партијата, Никола Груевски, најави скора реализација на некои од најважните проекти за Охрид, како затворениот базен, патната делница Охрид-Пештани, 2000 нови вработувања во регионот.

 |  Мишел Наумоски  | 
gurevski dpmne
груевски дпмне

Намалувањето на 50 милиони долг на општината, изградбата на игралиште на вештачка трева, асфалтирани улици и патишта, воведување на две нови авио линии кон Охрид-се само дел од реализираните проекти во двегодишниот мандат, со кои денес градоначалникот Никола Бакрачески се обрати на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ. Бакрачески истакна дека сите проекти кои ги реализирале се одговор до луѓето кои биле скептични што се може да се постигне за Охрид. Постигнатото, според Бакрачески било тешко остварливо поради ситуацијата во која општината била затекната.

sobir dpmne„50те милиони евра долг на општина Охрид заедно со јавните претпријатија и училиштата во Охрид, на најдобар можен начин ги илустрираат 50те милиони трикови за сиромашење и грабење на граѓаните на Охрид, и исто толкав број на изгубени надежи за економски просперитет на градот. Aко некој сеуште се сомнева дека Охрид е град во кој се е можно, ако некој сеуште се сомнева во моќта на нашите идеали и во силината на нашите капацитети, вашата бројност денес во оваа преполна сала е вашиот одговор“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Премиерот на државата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање пред граѓаните порача дека заедно со локалната од Охрид работат за доброто на граѓаните и досега и покрај тешката ситуација било направено многу. Груевски со посебен осврт на најавените странски инвестиции.

Gruevski Ohrid„Првата фабрика која ќе почне да се гради во технолошко-индустриската развојна зона е таа на германската компанија од автомобилската индустрија ОДВ електрик која веќе најави инвестиција во оваа зона во висина од 15 милиони евра, и планирани 1000 нови работни места, за Охрид, за Струга, за Дебрца, за Вевчани и пошироко. Денес сакам да најавам дека ОДВ електрик во јуни започнува и со изградба на својот гринфилд објект, нов објект во зоната кој треба да биде готов во првите месеци од 2016та година. Сакам да истакнам дека додека се изгради оваа фабрика, во браунфилдот во кој веќе се работи, бројката на вработени од 60 лица ќе се зголеми за два до три пати.“-изјави премиерот, Никола Груевски.

naroden sobir dpmneГруевски ја спомена и втората голема инвестиција, онаа на германската компанија Костал која според него ќе вложи 80 милиони евра во текот на неколку години во овој регион и бројни директни вработувања. Груевски информираше дека фабриката ќе почне да се гради најдоцна на почетокот на 2016, а ќе биде завршена најдоцна до крајот на 2016та.

„Костал најдоцна оваа есен ќе започне со работа во браунфилд хала во некоја постоечка хала и ќе почне да ги реализира првите вработувања, кои додека се изгради фабриката ќе достигнат до 200 работни места. Тоа се доста големи фабрики кои додека се во браунфилд ќе се вработат 300-400 работници, а откако ќе се изградат фабриките ќе вработат најмалку 2000 нови вработувања. Тоа го ветивме на изборите и тоа започна да се реализира.“-рече Груевски.

dpmne sobir ohridВо своето обраќање до присутните, тој се осврна и на дел од поважните проекти за охриѓани. Тој истакна дека веќе работат на проектот за изградба на експресниот пат Охрид-Пештани во должина од 14,5 км и инвестиција од околу 60 милиони евра.

„Интензивно работиме на овој проект, и со цел да се спречат сите грижи околу еколошките стандарди со ЕБРД договоривме изработка на еколошка студија која ќе ги утврди точните параметри на патот. Сакам да најавам дека со таа еколошка студија која ќе обезбеди еколошка одржливост согласно сите процедури, веќе наесен очекуваме и распишување на постапка за избор на изведувач на градежни работи и ако се е во ред согласно планот, до крајот на годината ќе започнеме и со изградба на оваа значајна патна делница која што ќе биде од корист за охриѓани но и за развој на турзимот во регионот.“-рече премиерот.

Пред присутните се обрати и пратеникот Антонио Милошевски кој се осврна меѓу другото на владината мерка оние стечајци кои имаат над 50 години да можат да извршат откуп на нивниот стаж за да можат да стигнат до својата пензија. Меѓу присутните на Народниот собир беа министри, градоначалници, јавни функционери и симпатизери од Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца, Кичево, Битола, Прилеп и други градови.

{loadposition content9}