Skip to main content

Охридските пожарникари подготвeни за акција

Охридските пожарникари подготвeни за акција.

 |  Валентина Неловска  | 
pozarnikari

pozarnikariОдбележан Денот на пожарникарството во Македонија. Охридските пожарникари го одбележаа денот со дефиле низ улиците. Денес во  посета на  пожарникарите беа бројни гости меѓу кои и  најмалите од детската градинка Јасна Ристеска. Децата научија повеќе за работата на пожарникарите.

Во обиколка на пожарникарите од охридската  противпожарна единица беше и градоначалникот Никола Бакрачески. Тој во името на охриѓани упати благодарност до пожарникарите.

„ За сите напори кои во изминативе години од кога е формирана ТПП сето она што сте го направиле за заштита на имотот и животите на граѓаните во голем број и покажавте дека сте на ниво на задачата која ја извршувате,“рече Бакрачески.
Охридската територијална единица технички и кадровки подготвена да делува во престојниот период. Командиорт на ППЕ Охрид, Спасе Прентоски потенцира дека се подготвени за делување, но повикува и внимателност кај граѓаните во регионот.

pozarna„ Според статистиката наназад најголем број на пожари се јавуваат во летниот период. Посебно во третото тромесечие. Статистички има најголем број на пожари посебно на отворен простор. Ја користам можноста да ги повикам граѓаните во летниот  ако има големи горешетини и суав вегетација да избегнуваат палење на оган на отворено“, апелира Прентоски.

ПТТ Охрид е технички и кадровски добро опремена. Располага со 7 противпожарни возила и околу 50 пожарникари.