Skip to main content

Христово вознесение- Спасовден

Празникот на Христовото вознесение- Спасовден се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток.

 |  Голабовски Крсте  | 
freska

Празникот на Христовото вознесение- Спасовден се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”.

freeskaВо спомен на Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на Спасителот на Светот- Исус Христос.

Истражувачите на празничните обичаи и верувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанството паганите го празнувале празникот на божеството Спас кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето. Се верувало дека врховниот бог Перун од небото испраќал молњи и громови како и градоносни облаци, а божеството Спас со житен клас во раката ги спасувало посевите.

На овој ден луѓето ги посетуваат црквите што го носат името “Свети Спас” и даруваат разни подароци. Некои за здравје преспиваат под иконата, а други кога ќе се разболат се ветуваат дека еден период ќе и служат на црквата.