Skip to main content

Најдоброто од Златно славејче во Охрид

Под мотото „Од децата за децата“ на 31.05.2015 год. (недела) во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид , со почеток од 12 часот, ќе настапи хорот „Златно славејче“.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Под мотото „Од децата за децата“ на 31.05.2015 год. (недела) во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид , со почеток од 12 часот, ќе настапи хорот „Златно славејче“.

festivalНајмалите охриѓанчиња ќе имаат ретка прилика да се забавуваат со најновите детски хитчиња. Со секој купен билет од 100 денари пак ќе добијат и ЦД со најдобрата детска музика и сокче. Картите од  денес може да се набават на билетарата на Центарот за култура.

Караванот концерти на реномираниот фестивал „Златно славејче“ се оддржува низ повеќе општини во државава а организатор е СТ- продукцијата од Скопје. Од таму додаваат дека „Златно славејче“,  како  најреномираниот фестивал со традиција долга 45 години,  со ваквиот начин, кој за прв пат се организира, ќе стане поблизок и за децата кои се од другите градови.  

Концертот има хуманитарен карактер а дел од собраните средства ќе бидат наменети за подобрување на условите за работа каде децата ги оддржуваат пробите.