Skip to main content

Општина Охрид редовно помага на социјалците

Во буџетот на општина Охрид предвидени се средства во висина од 200 000 денари за директна парична помош на луѓето кои се во социјален ризик. Градоначалникот Никола Бакрачески обелоденува дека редовно помагаат на ранливата категорија граѓани а најголем дел од граѓаните кои бараат еднократна помош се однесува за подмирување на трошоци за лекарства.

 |  Николоска Биљана  | 
lokalna

Социјалната политика на општина Охрид и грижата за ранливите категории на граѓани, една од главните заложби на градоначалникот Никола Бакрачески. Секојдневно луѓето кои се во тешка материјална состојба бараат помош од Локалната, односно доставуваат барања за користење на еднократна парична помош, вели градоначалникот Бакрачески . Додава дека исплатата на средствата се врши откако Комисија на Советот на општина Охрид ќе направи проценка за нужноста од исплата на средства за одредена наменаа.

„Голем дел од нив се однесуваат за исплата на трошоци за лекување најголем дел од граѓаните кои се обраќаат до Локалната самоуправа или до институцијата градоначалник се однесуваат за подмирување на трошоци за лекување а се однесуваат на граѓани кои што навистина спаѓаат во категоријата на социјално загрозени семества. Ние континуирано излегуваме во пресрет на таквите барања преку претходно утврдена постапка за доделување на вакви средства“– вели Бакрачески.

Во насока на оваа проблематика Проф. Ангела Крстаноска Василеска од ФТУ, сподели едно
интересно искуство од Словенија.

„ Имаше направено спрега помеѓу локалната заедица така што тие произведувачи на локални производи како што се овошје и зеленчук, се поврзуваат со средните школи и глуви или слепи лица кои што можат да работат едноставно беа ставени да ги пакуваат тие производи. На тој начин фактички од локалната заедница беа стимулирани да произведуваат овошје и зеленчук, глувите и слепите пакуваа а средношколците добиваа здрав оброк. Многу добра спрега од која и локалната заедница имаат корист и средношколците а исто така и ранливите категории кој што никој не би ги вработил а можат да работат поедноставна работа“ – нагласува Василеска.

Проф. Василеска на градоначалникот му предложи во иднина да размислуваат за позитивните иницијативи од европските земји, што како идеја беше прифатена од негова страна.

{loadposition content9}