Skip to main content

Доделени диплолмите на ФТУ Охрид

Денес на ФТУ беа доделени 99 дипломи за првиот циклус од студиските програми на факултетот. Годинава значајно е што оваа установа го одбележува и својот јубилеј, 45 години од постоењето на факултетот.

 |  Николоска Биљана  | 

Гордост за еден град и на државата во целост е да има високообразовани кадри кои се движечка сила на развојот. Една генерација дипломци на ФТУ Охрид денеска го заокружи поглавјето од животот посветено на факултетското образование.  Денес во оваа установа беа доделени 99 дипломи на студенти од студиските програми од областа на услужниот сектор. Нашите очекувања се овие дипломци да бидат амбасадори и промотори насекаде во светот на полето на туризмот,  што истакна Првиот човек на ФТУ, Проф Сашо Коруноски.

„Денеска ќе ни биде чест да доделиме 99 дипломи за прв циклус и 17 дипломи за втор циклус од сите насоки односно студиски програми кои се изучуваат на нашиот факултет. Оваа генерација ја одбележуваат поквалитетни напори за поврзување со практичната настава. Тоа значи дека поголемиот дел од студентите имаат најдено вработување што е основна цел за нашите студенти“– вели проф Коруноски.

Наташа Талеска, најдобриот студент на оваа генерација веќе има зацртано своја визија за понатаму во животот.

„Тоа е голем успех и во тоа гледам голема перспектива затоа што со овој успех можам да се надоградувам како личност. Планирам да запишам мастер студии во Сиднеј, Австралија и аплицирав за стипендија. Себе си се гледам како успешен менаџер на една компанија на интернационално ниво“– изјави Талеска.

Денес ФТУ одбележа и еден значаен јубилеј,  45 години од постоењето на факултетот. Продеканот  Проф Цветко Андрески нагласи дека на полето на туризмот последните 5 години бројот на пристигнати туристи во Македонија пораснал повеќе од 25%, но додаде дека сеуште има големи можности за развој на туризмот. Според него сеуште не се остварени очекуваните бројки на пристигнати туристи   кои земјава ги имала во 80 тите години од минатиот век како и тоа дека сеуште не биле остварени финансиските  резултати кои Македонија може да ги има од туризмот. Овие податоци се поттк за целиот кадар на факлултетот да работи на уште поактивно на развојот на туризмот, но и на услужниот сектор во целост.

{loadposition content9}