Skip to main content

Пензионерска ревија во Охрид

Пензионерска ревија во Охрид. Фолклорни групи од Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Македонски Брод, Гостивар, Вевчани и Лабуништа, се претставија со изворна музика од својот роден крај, на 13 тата фолколрна ревија која се одржа во нашиот град. Министерствот за култура ваквите ревии ги прогласи како настани од национален интерес за културата.

 |  Николоска Биљана  | 

Над 120 фолклористи од осум градови од југо-западниот крај на Републикава, со староградски рефрени, изворни песни и ора од руралните средини, денеска учествуваа на 13 тата Фолкорна ревија која по трет пат се одржува во нашиот град. Со 15 минутен настап нашите пензионери прикажаа како некогаш се славела охридска визита со слатко, леблеби, ракија сок и визитарски колачи. Порано на визитите било многу весело, се пеело, свирело, но редот се знаел, кога доаѓа нова тура на гости тие што биле порано дојдени, станувале. Амбиентот кај славеникот бил со газиени ламби, бидејќи во тоа време немало струја, стаклата биле исчистени, куќата варосана, а сите визитари биле посебно дотерани, раскажува Ванчо Спироски.

„Порано на кратко доаѓаа визитари, домаќините подготвени со слатко, благо, вино, ракија, се служеше во потиња, се правеше и пандишпан непопарен и се служеше во гостинска соба. Во таа соба насредина имаше маса со слики и додека домаќинката ги чести гостите се разгледуваа фотографии. Чуството е многу големо секоја година учествуваме секаде, а посебно во нашиоов град. За Охрид ова е празник на душата“

„Ние како една возрасна генерација настојуваме да ја продолжиме традицијата на нашите стари охриѓани било да се тоа Садиловци или старите фамилии и со облеките, мелосот, песната и играта, така да се потсеќаме на тоа минато време и да се одржи што може подолго“ -изјави Ристо Трајковски уметничкиот раководител на КУД на охридскит пензионери.

Со организација на вакви ревии придонесуваме од заборав да се вратат старите изворни песни, традиции и обичаи, вели претседателот на Сојузот на ЗП Драги Аргироски. Тој додаде дека со тоа се придонесува и за зачувување на нашиот идентитет како на мкедонскиот така и на другите етнички заедници кои жиеат во земјава.

„Министерствотo за култура овие ревии и осумте регионални а посебно републичката ревија на песни музика и игри да ги прогласи за национален интерес на културата на македонскта држава. Тоа е големо признание а тоа се добива ако навистина имате квалитет и придонесувате новите генерации да ги следат нашите примери бидејќи овие песни се амбасадори на културата во Македонија и надвор од земјава“ – вели Аргировски.

Учесниците и гостите на Ревијата, од името на организаторот,  ги поздрави  претседателот на Извршниот одбор на Здружението на пензионерие на Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргироски. Од името на градот домаќин  ревијата за отворена ја прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

{loadposition content9}