Skip to main content

Охриѓанецот Шишкоски повторно надмоќен

Вчера на стрелиштето во битолската касарна, се одржа Државно првенство во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма на кое учество зедоа околу 30 -тина стрелци од државава во сите категории и конкуренции.

 |  Голабовски Крсте  | 
strelci

Вчера на стрелиштето во битолската касарна, се одржа Државно првенство во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма на кое учество зедоа околу 30 -тина стрелци од државава во сите категории и конкуренции.

strelciМихаил Шишкоски повторно ја донесе радоста за стрелачкиот клуб ,,Охрид“. Тој веќе континуирано ја докажува својата надмоќ во светот на македонското стрелаштвото, повеќе од 3 години. Оваа победа е надоврзување на низата државни рекорди и први места. Со резултат од 577 кругови тој го остави зад себе второпласираниот за цели 22 кругови!

Напоменуваме дека на ова Државно првенсвто стрелците пукаа на цели кругови, значи без децимали, а колку е висок овај резултат покажува фактот дека Мише испука дури 40 центри од вкупно 60 истрели.

И кај јуниорите повод за радост: Васко Попоски се пласира на втората позиција, додека пак Мартин Гоџоски заврши како четвртопласиран.Во моментов нашата најдобра јуниорка -Ангела Алексовска се пласира на третата позиција со резултат од 364 кругови, повторно оставајќи ја зад себе Емилија Пеева од СК ,,Штип“.