Skip to main content

Донација за охридската библиотека

Градежната компанија „Адора инженеринг“ и фондацијата професор д-р Ванчо Чифлиганец, во чест на одбележувањето на денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во понеделник, 25 мај 2015 година, во 11 часот ќе подарат симболична донација на Охридската библиотека „Григор Прличев“.

 |  Голабовски Крсте  | 
библиотека

Градежната компанија „Адора инженеринг“ и фондацијата професор д-р Ванчо Чифлиганец, во чест на одбележувањето на денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во понеделник, 25 мај 2015 година, во 11 часот ќе подарат симболична донација на Охридската библиотека „Григор Прличев“.

библиотекаСтанува збор за книгата „Можеш и ти“, од авторот Венко Андоновски. Се работи за биографска книга за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, познат стопанственик и успешен бизнисмен, своевиден прирачник за деловниот успех за сите оние кои се на почетокот на својот професионален пат.

Со донации од ова издание а по повод 24 мај, денот на просветните работници, се опфатени Националната и Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје, НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид како и библиотеките во Радовиш, Штип и Пробиштип.