Skip to main content

Во Охрид црвен тепих ќе има на затварањето на Францускиот филмски фестивал

  Во Охрид црвен тепих ќе има на затварањето на Францускиот филмски фестивал.

 |  Валентина Неловска  | 

fffВо Охрид нема да се отвори, но затоа пак ќе се затвори Францускиот филмски фестивал. По осми пат од 11 до 20 јуни ќе се одржи Француски филмски фестивал во Македонија, на кој ќе бидат прикажани  9 филмови. Свеченото отварање на Францускиот филмски фестивал е одзмен од Охрид и  трет пат по ред ќе се отвора во Скопје. Сега  се намалуваат и деновите на прикажување на филмовите во Охрид. Минатата година фестивалот се одржуваше  по два дена во Скопје и Охрид, а годинава, според програмата на Францускиот филмски институт од  4 -те фестивалски денови 7 филмови ќе бидат прикажани во Скопје, а само два на  свеченото затварање во  Охрид на 20 јуни. Причините за таквата одлука не се познати. Во рамките на осмото издание на Францускиот филмски фестивал во Македонија на  свеченото затварање на црвен тепих во Охрид ќе бидат прикажани два филма  „ Не во тој стил“ на Лика Белво и „Идеален човек“ на Јан Гозлан со Пјер Нине и Ани Жирардо.

fffВо изминатите години Фестивалот финансиски беше поддржуван од општина Охрид, од Министерството  за култура, од францускиот културен центар и од спонзори. Оваа година охридската Локална Самоуправа  ги секна финансиите за  Францускиот филмски фестивал, напоменуваат од здружението „Охридски филмски фестивал“. Иако побарале финансиска поддршка од 2000 евра од општина Охрид,  средствата не им биле одобрени. Од таму укажуваат дека Фестивалот ќе се одржи со поскромни средства, но љубителите на францускиот филмски фестивал ќе можат да ги видат најновите остварувања на француската кинематографија со неизоставните дружења  со актерите и режисерите на филмови, напоменува претседателот на Здружението Зоран Велјаноски Летра.