Skip to main content

Обраќање на градоначалникот Александар Петрески

Потсети на бројните, успешно реализирани проекти насочени кон развојот на градот. Потенцира дека изостанала подршката на охридските пратеници и функционери во централната власт  и извршна власт.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески
Потсети на бројните, успешно реализирани проекти насочени кон развојот на градот. Потенцира дека изостанала подршката на охридските пратеници и функционери во централната власт  и извршна власт.

По повод Св. Климент Охридски, Патронот на градот, преку медиумите, на своите сограѓани им се обрати градоначалникот Александар Петрески.
Укажа на потребата од меѓусебна толеранција, почит и љубов кон својот град. Охрид со духот на Свети Климент е космополитски град. Само со секојдневно приклонување кон таквиот дух во било која сфера од општественото делување и создавање, ние, сегашниве генерации, ќе можеме со гордост да се повикуваме на нашиот Патрон”, рече градоначалникот.

Aleksandar PetreskiПри тоа, тој ги истакна реализираните проекти кои придонесоа за развојот на градот.
Градоначалникот Петрески ги потсети граѓаните на илјадниците метри асфалтни патишта, новоизградени и уредени улици, инфраструктурни објекти со кои се решени проблемите на граѓаните за водоснабдување или регулирање на отпадните води, како и инвестициите во образованието. Во овој сегмент, рече Петрески, инвестиравме околу 30 милиони сопствени средства со цел да им обезбедиме максимални услови на младите и децата. При тоа, потенцира дека изостанала подршката на охридските пратеници и функционери во Парламентот и извршната власт.

Во своето обраќање градоначалникот рече дека очекувал, заради доброто на Охрид и граѓаните, дека одделни функционери или јавни работници, ќе имаат доблест да ги надминат теснопартиските интереси, а во интерес на развојот на градот. Сето тоа, за жал, изостана од калкулантски  интереси на една партиска  опција, а против интересите и на самите нивни членови и воопшто на граѓаните, рече Петрески.

 

 

 {loadposition content9}