Skip to main content

Охрид деновиве дише во спортски дух

Охрид деновиве дише во спортски дух. Се одржуваат неколку спортски настани, меѓу кои и петтиот Летен училишен спортски камп.

 |  Николоска Биљана  | 

Во Охрид се одржува петтиот Летен училишен спортски камп. Учесници на овој камп се над 250 талентирани ученици од основните и средните училишта кои се пласирале меѓу најдобрите на спортските натпревари во текот на изминатата учебна година. Нив денес ги посети директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој се запозна со нивните активностите. Спасески нагласи дека во изминатиот период многу инвестирале во развој на училишниот спорт, но вложиле и во спортската инфраструктура што според него треба да претставува база за постигнување врвни резултати.

„И на тој начин практично овозможуваме максимални услови нашата младина рекреативно но и професионално да спортува и на тој начин преку масовност да обезбедиме квалитет во спортските натпревари. Веќе трета година го реализираме проектото спортска академија со кој што сакаме да ги стимулираме младите луѓе професионално да се занимаваат со спорт“– изјави директорот на Агенцијата.

Спасески потсети дека Агенцијата реализирала проекти за изградба на 50 помошни фудбалски игралишта, 100 повеќенаменски спортски игралишта, 120 тениски терени и 35 спортски сали. Исто така потсети и на стипендиите што Агенцијата секоја година ги доделува на 500 најуспешни млади спортисти, во кои, директорот ги гледа идните репрезентативци.

А еден од најдобрите наши ракометни репрезентативци Пепи Манасков кажа дека првите чекори во спортот се прават во училиштето, преку настава, турнири и натпреварувања меѓу класови. Тој смета дека ракометот како спорт највисоко котира во државата.

„Ракометот по мене е спорт број еден во државата самите резултати зборуваат за тоа како на клубски така и на репрезентативен план и верувам дека така ќе продолжиме и во иднина, да не ми замерат другите спортови но ракометот во моментов се наоѓа на првото место“ Имаме доволно инфраструктура во Македонија, услови за работа се создадени, треба трпение, многу професионална работа и на масовност се доби последниве години многу“ – вели Мансков.

Инаку учесниците на Летниот училишен спортски камп, покрај практичниот дел, во попладневните часови имаат теоретски предавања. Тие исто така имаат имаат несекојдневна можност да работат и да се дружат со дел од познатите македонски спортски легенди, како Пепи Манасков, Марин Докузовски, Врбица Стефанов, Јошко Миленковски, Зоран Бошковски.

{loadposition content9}