Skip to main content

„Силна алка“ -меѓународен камп

Размена на искуства и меѓусебна соработка е силната алка која поврза 6 организации на Црвениот крст од регионот, да учествуваат на меѓународниот камп во Велестово. Тие покрај што работат, се дружат и забавуваат во прекрасниот амбиент кој го крие ова место.

 |  Николоска Биљана  | 

Едукативниот камп во Велестово преполн со гости. Таму во периодот од 25 – 29 јуни, за прв пат се одржува меѓународниот камп насловен – „Силна алка“. Истиот е во организација на ОО на Црвен Крст Охрид. Како што нагласи Весна Терзиоска од охридскиот Црвен крст, пред гостите се претставиле со нивната силна алка – спасителство на вода.

„Целта е секоја ОО од регионот, вклучувајќи ја и ОО на Црвениот крст Охрид, да ја прикаже својата најјака страна, програма која што ја рабти во својата организација и по која што е препознатлива во својата заедница, да ги пренесе знаењата, способностите, искуството и позитивните примери со цел другите организации да го видат тоа, да научат нешто и да го имплементираат во своето место“ –  објаснува Терзиоска.

За еден ваков меѓународен камп долго време се размислувало меѓу двете организации на Охрид и Крагуевац, вели Невенка Богдановиќ, од Крагуевац. Таа е задоволна што годинава нивната идеа се реализирала. Крагуевскиот Црвен Крст пред останатите организации го претставил проектот- грижа за стари лица.

„Најважно кога правите програма за старите, да ги прашате нив, што е она што тие го сакаат и што им е потребно, за да би можеле тие да бидат среќни и задоволни. Црвениот крст е организација, која  без  разлика од кој град е, многу води сметка за ранливите групи, посебно за старите лица. Денес  покажавме како ние тоа го работиме“– вели Богдановиќ.

И Црногорците од ОО на Црвениот крст на Бар, се претставија со програмата за нега на стари лица и проектот на кој посебно нивната организације е горда Клубот за стари лица.  

„Доесга имавме прилика да слушниме искуства на нашите колеги од три ОО и навистина сме задоволни. Посебно морам да ја поздравам организацијата и организаторот кои успеаа на еден ваков начин да организират настан кој ќе придонесе за развој на сите шест општини на организациите на Црвениот Крст – нагласи Тереза Вујошевиќ од ОО Бар, Црна Гора.

Програмата за дисеминација, ја претставија волонтерите на Црвениот крст од Требиње, Босна и Херцеговина.

„Фокусот на нашата презентација беше ширење на идеата меѓу младите. Ние ќе ги пренесиме нашите искуства за ширење на самата идеа на Црвениот крст меѓу младите, тоа се нашите практични искуства кои ги имавме непосредно после воените случувања кои се случија во Би Х и мислам дека тоа го направвме со успех и сакаме да го споделиме тоа искуство со нашите колеги од другите градови и нешто друго да научиме од нив“ – изјави  Дејан Јанковиќ,Црвен Крст,Требиње.

40тмината учесници на меѓународниот камп доаѓаат од Суботица, Требиње, Бар, Крагуевац, Ужице и домаќините од Охрид. Тие покрај што разменуваат искуства и пракса, се дружат, забавуваат и уживаат во неповторливиот амбиент во Велестово, скриен во прегратките на НП „Галичица“.

{loadposition content9}