Skip to main content

Нов вандалски чин-сега настрадаа и жардињерите на новата пешачка патека

Уште еден вандалски чин на несовесни граѓани им отвори дополнителна работа на изведувачите кои сеуште работат на изградба на патеката.

 |  Мишел Наумоски  | 
zardinjeri

За само неколку дена уште еден вандалски чин на несовесни граѓани на новата пешачка патека.

skrseni zadrinjeriПо дрвцата овој пат настрадаа поставените жардињери кои треба да ја разубават оваа патека и да и дадат модерен изглед. Несовесни граѓани го искршиле украсниот мермер со кој се поплочени жардињерите, а кој штотуку почна да се поставува. Овој чин утринава бил забележан и од вработени лица во ЈП „Охридски комуналец“ како и од оперативците кои ги изведуваат градежните работи на пешачката патека. Од локалната самоуправа изразуваат жалење за ваквиот чин. Велат дека е неразбирливо зошто некој би се осудил да уништува јавно добро што е од корист за сите граѓани.

sanacija zardinjeri„Се разбира тоа не е за локалната самоуправа и за поединци, туку уредувањето на тој простор е од корист на сите граѓани кои таму ќе рекреираат. Се се сведува на подигање на јавната свест за она што е јавно добро. Ние можеме и позорникар на секои десет метри да имаме таму или видео надзор што ќе се сложите во овие услови е малку потешко да се обезбеди, но еве ќе речиме ако имаме видео надзор и имаме таква појава и ќе биде забележан тој што е прекршител, но тоа ќе биде направено. Целиот приод кон оваа работа е на подигнување на јавната свест, да не се повторуваат вакви работи затоа што сето тоа е за општо добро за сите граѓани на Охрид.“-вели портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.

pesacka patekaКако што е познато, новата модерна пешачка патека која ја гради локалната е во непосредна близина на седиштето на сообраќајната полиција. Стапивме во контакт со портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, кој во телефонски разговор најпрво не информираше дека овие вандалски чинови не биле официјално пријавени во службата. Димоски додава дека она што е во нивни раце, ќе биде преземено како конструктивна помош да се заштити она што е јавно добро од ваквото деструктивно поведение. Потенцира дека случајот со искршените мермерни плочки и уништување на јавни добра ќе бидат земени во предвид во насока на обезбедување на нагласено внимание на овој дел од градот. Инаку минатиот викенд мета на сличен вандалски чин беа и новопосадените дрвца на оваа патека односно нејзниото хортикултурно уредување кое заедно со партерното уредување чини скоро 7 милиони денари.