Skip to main content

„Бело лето“ убаво замислена манифестација во која треба да се вложува

B„Бело лето“ убаво замислена манифестација во која треба да се вложува

 |  Валентина Неловска  | 
belo leto

OhridСтартот на летната сезона 2015 официјално ќе се означува утревечер. Во манифестацијата Бело лето 2015 се вклучуваат кластерот за туризам и охридски занаетчии,  сето пропратено со музика. Во туристичката презентација на градот и околината покрај занаетчиите активно се вклучуваат и други даватели на услуги. Кластерот за туризам ЕДЕН на туристите во рамки на Бело лето ќе нуди дел од своите туристички содржини кои се сепоинтересни за странските туристи. Меѓу нив се планинарење и возење на велосипеди на Галичица,  јавање на магариња, кајак, учество во подготовка на традиционални јадења од тесто, риба и јагнешко месо, вели Александар Јованоски од охридскиот Еден кластер за туризам.  Нивниот кластер учествувал и стекнал позитивни  исуства од  досега одржаните манифестации на Бело лето и смета дека во иднина манифестацијата треба да се подобрува.

 „Можеме да речеме дека бележи  раст ќе видиме како ќе  помине оваа година. Во секој случај еден ваков настан да е на поинаков начин организиран како настан. Се трудиме и тука да добиеме стручна помош од стручен тим од консалтинг куќи. Затоа сметаме до година заедно со општината да имаме и странски консултанти за организирање и менаџирање со настанот за текот на манифестацијата  да стигне до целната група“, напоменува Јованоски.

бело летоОд ТЛЕР велат дека со оваа манифестација нивната цел е  симболично  означуавње на стaртот на новата летна туристичкa сезона. Ние секогаш работиме да го подобриме кавлитетот на манифестацијата во рамките на финансиските можности. Раководителто на ТЛЕР Ѓоко Апостолов додава дека секаква помош е добредојдена и отворени се за соработка во насока на подобрување на манифестацијата. Но, финансиите со кои располгаат  се  ограничени а  во Охрид  како специфичен туристички центар во земјава во текот на целата година од страна на ЛС се организираат  10-тина  самсотојни манифестации. Финансиски се поддржуваат и други настани од културата и спортот од други организатори.
 
„ Ако се ограничиме на една манифестација персонално и технички може да ја направиме  поголема. Но, со оглед на тоа што имаме голем број  активности во летниот период кој ги организираме ние  мора да ги распределиме финансиските и човечеките  ресури за секоја манифестација,  но тоа не е пречка. Секоја година ќе се трудиме манифестацијата да ја организираме на повисоко ниво,“ укажува Апостолов.

На малиот плоштад, покрај  кластерот на туризам со два штанда ќе се нудат пакети од 24 услуги, исто така ќе бидат поставени и два штанда од Регионалната комора за занаетчиство како и два пункта од НВО „ЦИРО“ со  рачно изработен накит и модели на авиони.