Skip to main content

Од утре започнува со работа градскиот базен

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд ( 4-5 јули ) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето.

 |  Голабовски Крсте  | 
bazen

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд ( 4-5 јули ) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето.

bazenГрадскиот базен ќе работи секој ден од 08 : 30 до 20 часот, така што во работен ден ( понеделник – петок ) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08 : 30 до 12 часот и попладне од 17 : 30 до 19 : 30 часот додека терминот за рекреативците ќе биде од 12 – 18 часот.

За времена викендите ( сабота и недела ) градскиот базен ќе биде целодневно отворен за рекреативците. Еден целодневен билет за користење на услугите на градскиот базен изнесува 60 денари.